Јавна расправа
Општина Велес и Фондација „Фокус“ организираат Јавна расправа на која ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2008 година. Јавната расправа ќе биде одржана на:
- 11.12.2007 година (вторник) со почеток во 17:00 часот во големата сала на Општина Велес, за претставниците на институциите од областа на образованието, културата и социјалната заштита.
- 12.12.2007 година (среда) со почеток во 16:00 часот во големата сала на Општина Велес, организираат Јавна расправа за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.).
- 12.12.2007 година (среда) со почеток во 18:00 часот во големата сала на Општина Велес, организираат Јавна расправа за претставниците на урбаните и месните заедници од Општина Велес.
Нацрт - документи по кои ќе се расправа се:
- Предлог-програма за измени и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2007/2008 година.
- Нацрт-буџет на Општина Велес за 2008 година.
- Нацрт-одлука за долгорочно задолжување на Општина Велес.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во 2008 година-Година на Рацин.
- Нацрт-програма за уредување на гредежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2008 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2008 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2008 година.
Електронска верзија од Нацрт документите можете да превземете од следниот линк , а Вашите забелешки по нив можете да ги упатите тука .
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес Аце Коцевски | Извршен директор на Фондација „Фокус“ Веса Шкортова |