Велес меѓу позитивните примери

Работна средба во просториите на Општина ВелесВо рамките на проектот „Посета на позитивни примери“ што како дел од програмата за локален развој на заедниците ја реализира Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, претставници на општините Конче, Теарце и Чашка ја посетија  на Општина Велес. Во рамките на посетата, членовите на совети и државните службеници од споменатите општини имаа можност да се запознаат со организационата структура и работата на Општина Велес како и најголемите историски и културни вредности на градот на Гемиџиите, Џинот, Жинзифов, Рацин и многу други претставници на македонската интелектуална авангарда.

Покрај просториите за работа во општина Велес и Граѓанскиот сервис центар, делегацијата ги посети и истурената канцеларија на Општина Велес во село Горно оризари, Клубот за стари лица во Домот на пензионерите, новоотворената Црковно народна кујна во месноста Дворови и стрип муралите во центарот на Велес. Во Домот на невладини организации, членовите на делегацијата остварија средба  со претставници на здруженијата на граѓани Фондација „Фокус“, ЕД „Вила Зора“, ЕГ „Green power“ и ЗГ „Иницијатива за социјална поддршка“ на која имаа можност а се запознаат со учеството на граѓанскиот сектор во развојот на Општина Велес.
 
Посета на дисперзираната канцеларија на Општина Велес во с.Горно Оризари Посета на клубот за стари лица во Домот на пензионерите