Буџет 2008 - Учество на граѓаните во планирањето

Презентација на нацрт Буџетот на Општина Велес за 2008Шеста година по ред, граѓаните на Велес имаа можност да го кажат својот став или предлог за Буџетот и програмите за активностите на општината во наредната година. Наспроти фактот што јавните расправи по буџетот не се законска обврска, Општина Велес и овојпат се одлучи на ваков чекор во прилог на заложбите за транспарентност и одговорност кон граѓаните.

Врз основа на позитивните искуства во носењето на Буџетот во две фази: нацрт и предлог верзија и годинава во соработка со фондацијата ФОКУС се организираа три јавни расправи: со претставници на институциите, здруженијата на граѓани и урбаните и месните заедници.

Забелешките и конструктивните предлози на граѓаните ќе бидат вградени во предлог верзијата на документите кои Советот на Општина Велес ќе ги разгледува на наредната седница. И  за 2008 година, Општина Велес подготви програми за активностите во областа на уредувањето на градежното земјиште, обрзование, култура, социјална заштита, спорт, соработка со здруженија на граѓани и фондации, противпожарна заштита, меѓународна соработка, комуникација и промоција.

За 2008 година, прогласена за година на Рацин, Општина Велес подготви посебна програма со која ќе се одбележи стогодишнината од раѓањето на поетот.
 
 
Средба со претставници од Урбаните и Месните заедници Средба со претставници на НВО