IV Новогодишен саем на книгата
Денес во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше отворен IV Новогодишен саем на книгата. На годинешниот саем граѓаните на Велес им се претставуваат 13 издавачки куѓи од Македонија со преку 1000 наслови. Саемот е сместен во просториите на библиотеката и ќе биде отворен до 29 декември секој работен ден и во сабота од 7-20 часот. Во рамките на Новогодишниот саем се организираат и три промоции на книги. Прва е промоцијата на книгата „Школки“ од Павлина Климкар Меанџиева што ќе се одржи вечерва (17.12.2007) во 17:00 часот во Ликовниот салон.