Прва регионална тркалезна маса за еднакви можности на локално ниво
Во организација на Сојузот на жените на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Велес на ден 17.12.2007 беше домаќин на Првата регионална тркалезна маса за еднакви можности на локално ниво. Оваа проектна активност се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ и американската амбасада. Изборот Велес да биде домаќин на централниот регион се должи на успешната работа на Комисијата. Целта на овие тркалезни маси е јакнењето на капацитетите на Комисиите за еднакви можности, воведувањето на родовиот концепт на локално ниво и размена на искуствата во регионот.
На тркалезната маса беше промовиран и прирачникот за Комисиите за еднакви можности при Советите на општините.