Доброволците од Мировниот корпус повторно положија заклетва во Велес

Свечена залетва на доброволците од Мировниот корпусВелес четврта година е град домаќин на Мировниот корпус на САД. Припадниците на 12-та генерација доброволци кои изминативе три месеци имаа обука во неколку македонски градови и села дадоа свечена заклетва пред НЕ Џилиен Миловановиќ, Амбасадор на САД во Република Македонија. На свеченоста присуствуваше и госпоѓа Патриша Рајдер, директор на мисијата на УСАИД во Македонија. На свеченоста во мотелот „На велешко езеро“ присуствуваа и голем број граѓани во чии семејства престојуваа доброволците изучувајќи го  македонскиот и албанскиот јазик.

Амблем на мировниот корпусБеа присутни и претставници на општини, владини и невладини организации. Во име на градот домаќин, доброволците на Мировниот корпус и гостите ги поздрави градоначалникот на Велес Аце Коцевски кој меѓу другото се заблагодари за огромната поддршка на даночните обврзници на САД, Владата, УСАИД за поддршката и финансиската помош на Република Македонија, особено за општините во процесот на децентрализација. Градоначалникот Коцевски на доброволците им ја честиташе свечената обврска и им посака среќа и успех во извршувањето на нивната благородна мисија во развојот на локалните заедници, локалната самоуправа, развојот на здруженија на граѓани и изучувањето на странски јазик.

Претходно, госпоѓа Патриша Рајдер, со своите соработници ја посети Општина Велес и во разговор  со градоначалникот Аце Коцевски се запозна со достигнувањата на Општина Велес и со актуелните состојби и предизвици на општините во Македонија во процесот на децентрализација.