Француски делегации во работна посета на Велес

ImageНа 19-ти декември Велес беше град домаќин на две делегации од Франција, преставници од Бас Норманди и Националната асоцијација на градови со историско и културно наследство. Тие остварија работна средба со градоначалниците на општините Велес и Пробиштип и претставници од општинските администрации.

Првата тема на разговор беше развојот на одржлив туризам. Претставниците од Асоцијацијата на градови со културно и историско наследство, предводени од Марилиз Ортис, директор на асоцијацијата, веќе подолг период соработуваат со Македонија на полето - заштита на историското и културното наследство. На средбата, од дискусијата, приозлегоа точки и заклучоци по кои ќе се разговара на семинарите кои ќе бидат организирани во почетокот на наредната година.

Делегацијата од Бас Норманди, регион во западниот дел на Номандија, беше предводена од Паскал Коши, одговорна за соработка соработка во регионот. Бас Норманди е ангажирана во реализација на тригодишна програма за соработка со Македонија која се однесува особено на примената на ИКТ, во соработка со Метаморфозис.  

Тие ги презентираа своите програми и активности, а Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги престави достигнувањата на општината во примената на новите технологии.

Делегациите од Франција после работната средба беа во посета на Народниот Музеј, каде подетално имаа можност да се запознаат со историјата и културата на Велес.
Image Image
Image Image