Амбасадорката на Кралството Холандија во посета на Велес

Симон Филипини, Амбасадорка на Кралството ХоландијаНЕ Симон Филипини, Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Македонија престојуваше во целодневна работна посета на Општина Велес. Во рамките на посетата на Општина Велес, НЕ Филипини оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски на која беше разгледана досегашната успешна соработка во процесот на децентрализација на власта, успешно реализираните и тековните проектни активности поддржани од Кралството Холандија, можностите аза проширување на соработката во областа на екологијата како и можностите за збратимување на Велес со општина од Кралството Холандија.

„Многу сум среќна што можам подобро да го запознам Велес како град со богата историја и историско наследство“ изјави на прес конференција НЕ Филипини изразувајќи задоволство од динамизмот присутен во соработката помеѓу стопанственици од Велес и Кралството Холандија. „Ако зборуваме за децентрализацијата, Велес е еден од лидерите во Македонија и има авангардна улога“, рече меѓу другото Амбасадорката на Кралството Холандија која изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи во иднина.
 
Прес конференцијаРаботна средба во кабинетот на градоначалникот

„Кралството Холандија е една од земјите која најмногу ја поддржува Македонија во процесот на децентрализација“ изјави за новинарите градоначалникот Аце Коцевски кој во име на граѓаните на Велес упати јавна благодарност до Кралството Холандија за досегашната поддршка на проектни активности и ја потенцираше одличната соработка на ЗЕЛС со Асоцијацијата на општини на Кралството Холандија VNG international. Кралството Холандија во моментов  со над два милиони денари ја поддржува двегодишната програма за култура на Општина Велес, а неодамна го поддржа и отворањето на нов погон во компанијата „Брако“.
 
Посета на граѓанскиот сервис центар во Општина ВелесВо салата за електронски седници на Советот на Општина Велес