Велес разубавен со поддршка на Прокредит банка

Вработените во Прокредит Банка го разубавуваат ВелесПрокредит банка на Општина Велес и донираше 50 високодекоративни зимзелени садници, кои беа засадени со стручна помош на Шумарски факултет-Скопје и ЈКП "Дервен". Садниците беа засадени на ул. "Благој Ѓорев" од вработените во Прокредит банка-филијала Велес и ЈКП "Дервен". Основна определба на општината е уредување на зелените провршини, што е особено значајно за урбани агломерации со загадена животна средина. Со мали акции и грижа за јавните добра ќе се придонесе Велес да го одржи својот урбан и "зелен" лик.

 

Општина Велес се заблагодарува на Прокредит банка за донацијата, а воедно ги повикува организациите и институциите да го следат нивниот пример.

Насадени садници