Транспарентност и активно учество на граѓаните во утврдувањето на Буџетот
На прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство од вградувањето на предлозите на голем број граѓани во Предлог Буџетот и програмите за активностите на Општина Велес во 2008 година. „Задоволен сум што успеавме да вградиме голем број конструктивни предлози во предлог верзијата на Буџетот и програмите“, рече Коцевски. Општина Велес шеста година по ред Буџетот и програмите ги носи во две фази нацрт верзија која по седницата на Советот на општината се разгледува на јавни расправи со претставници на локални установи и институции, здруженија на граѓани, урбани и месни заедници и предлог-верзија.
Градоначалникот упати честитки до граѓаните од католичка вероисповед кои го слават големиот празник Христовот раѓање -Божиќ. На средбата со новинарите, тој најави дека свечената седница на која традиционално се сумираат резултатите и се прогласуваат најуспешните во годината, ќе се одржи на 27 декември (четврток), со почеток во 12 часот.