Новогодишен перформанс на Андријана Димитриевска

Андријана Димитриевска - пијано и Слободанка ЧичевскаСо јубилеен концерт и промоција на книгата „Животот е“ младата пијанистка Андријана Димитриевска на велешани им приреди впечатливо доживување и можност да уживаат во нејзината музика и поезија.

Обидувајќи се да проникне во суштината на книгата „Животот е“ на Андријана Димитриевска, промоторот Горан Грков го нагласи поетско музичкиот импулс на Димитриевска како двигател на чувството на читателот „Нешто што не тера да ја почувствуваме поезијата, да почувствуваме дека сме дел од ова дело“.

Стихови  од книгата на Андријана Димитриевска интерпретираше  актерката Слободанка Чичевска. Средствата од продажбата на книгата се наменети за акцијата „Насмевка во пижами“ што ја спроведува Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“, Во музичкиот дел на Новогодишниот перформанс Димитриевска уште еднаш го покажа својот раскошен талент и уметнички потенцијал. Концертот на Димитриевска го збогатија Никола Стојчески - баритон, Љубомир Бојаџиев - пијано, Менче Богоевска - виолина и Владимир Здравев - пијано. За присутните на концертот Андријана Димитриевска остави музика што ќе се памети. Димитриевска своето стручно усовршување ќе го продолжи во Шведска.

Ова збогување со нејзиниот роден Велес беше незаборав и желба повторно да имаме можност да уживаме во нејзината музика.
 
 
Никола Стојчевски и Андријана Љубомир Бојаџиев - пијано
 
Менче Богоевска - виолина Владимир Здравев - пијано
 
Љубомир, Андријана и Владимир книга „Животот е...“