Доделени наградите за најдобрите во 2007 година
Се гордеам со статусот и угледот што го има Општина Велес на домашен и меѓународен план. А, единствена цел на нашата работа е задоволството на граѓаните. Од нивните потреби поаѓавме и за нивните придобивки работевме и во изминатата година“, рече Коцевски. Воведувањето на ИСО стандардите, динамичниот локален економски развојј, модерното и интерактивно образование, енергетската ефикасност, реформите во јавните претпријатија се дел од плановите за наредната година што ги соопшти градоначалникот. Тој ги додели наградите на најдобрите во 2007 година:
• Гоце Мирчески, најдобар полицаец
• Ристо Мицев, најдобар пожарникар
• Крсто Анастасов, најголем хуманист и крводарител на годината
• Татјана Лазаревски Ѓоргиева, најуспешен директор на локална јавна установа и
• Најдобрите државни службеници во општинската администрација
- Љупче Андреевски
- Тодор Поп Андов
- Билјана Шуркова Манаскова и
- Марина Бојаџиева
Во рамките на свеченоста, градоначалникот ги додели и стипендиите од Фондацијата „Коле Неделковски“ за најталентираните ученици и студенти за учебната 2007/2008 година.
• Мите Мијалков
• Кристиан Ефремов
• Благородна Илиевска
• Штерјов Петре
• Емилија Станоева
• Маја Басаровска
• Љупка Костова
• Тања Велковска
• Иле Атанасов
• Михаил Ѓошев и
• Бошко Велковски
Градоначалникот упати јавна благодарност до велешките фирми кои годинава ги стипендираат најуспешните ученици и студенти.