Новогодишен подарок за децата со посебни потреби

Дедо мраз250 деца со посебни потреби добија новогодишно пакетче од Општина Велес. Во празнична атмосфера, во големата сала на општината,  прекрасна новогодишна порака испратија вработените во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ кои ги воодушевија најмладите со претставата „Дечко Мраз и кај нас“. Низ играта на годишните времиња, тие успеаа да ги анимираат децата изнудувајќи им искрена насмевка на лицето.

Новогодишната средба со децата со посебни потреби со свој настап ја збогатија и најмладите членови на балетското студио „Анабела“. 
 
Новогодишна програма Дедо мраз дели пакетчиња