Прво па машко
2008 година за велешани ќе биде машка година. Ова го навести првото новороденче во Велес кое светот го поздрави 1 час по полноќ. Второто дете на Шукрие Алие од Бузалково донесе радост и за вработените на Гинеколошко-акушерското одделение во велешката болница.
Веднаш по раѓањето, првото новороденче го посети градоначалникот Аце Коцевски кој му подари штедна книшка и му посака среќен живот исполнет со здравје и бериќет. Градоначалникот им ја честиташе Новата 2008 година и на вработените во акушерското одделение кои највеселата ноќ ја дочекаа во работна атмосфера.