Најубави желби во срцето на Велес

ImageКога желбите се раѓаат од повеќе срца истовремено, нема граници за можностите, ниту мерило за радоста. Велешани уште еднаш покажаа дека најубавите новогодишни желби умеат да ги испратат до светот заедно. Во организација на Општина Велес, Младинскиот парк и годинава беше центарот на новогодишното доживување.

Image Image
За незаборавната атмосфера се погрижија естрадните ѕвезди Сузана Спасовска, Гоце Арнаудов и оркестарот Агушеви. Велешани кои одлучија највеселата ноќ да ја поминат заедно во Младинскиот парк, долго ќе го паметат традиционалниот огномет,веселата атмосвера и дружењето. Дочекот на Новата 2008 година општината го организираше во соработка со Центарот за култура и уметност – Скопје.
Image Image 
Image Image