Компјутер за секое дете

Работна средба - компјутер за секое детеВо рамките на подготовката на стратегија за имплементација на проектот на Владата, „Компјутер за секое дете“, во просториите на Општина Велес се одржа работна средба помеѓу преставници од основните и средните училишта од Велес, преставници на локалната самоуправа и надворешните консултанти, ангажирани од Владата за изготовка на стратегијата.

Присутните ги изложија своите видувања за проектот и начинот на реализација на истиот. Желбата за модернизација на образованието беше присутна кај сите, но сеуште постојат отворени прашања од областа на финансирањето, одржувањето, динамиката на реализација и начинот на користење на новата опрема која би ја добиле училиштата.

Неле Леоск, од Академијата за воведување на електронска власт од Естонија, како одговорна за изработка на стратегијата ја оцени средбата како конструктивна. Со појасна слика за фактичката состојба во училиштата, таа изјави дека сите предлози и забелешки ќе бидат разгледани и изрази надеж дека ќе изготви стратегија која ќе биде реална и можна за имплементација.
 
(15.01.2008)