Празничен Концерт
Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление (Водици) во организација на Општина Велес се одржа празничен концерт на класична музика. Пијанистите во класата на деканот Евушка Елезовиќ: Ивана Кузмановска, Александра Трајкова, Билјана Таковска и Илија Настовски со корепетиторот Весна Тасеска на велешани им подарија единствено доживување.
Во рамките на програмата беа изведени дела од Јохан Себастијан Бах, Франц Шуберт, Лудвиг ван Бетовен и Волфганг Амадеус Моцарт. Стогодишното пијано, подарок на општината од семејството Спировски, повторно и силно оживеа со талентот на младите пијанисти кои на присутнaта публика и приредија незаборaвна вечер.
(18.01.2008)