Богојавление - Водици
Дејан Колодезни е најсреќниот помеѓу 59-мина велешани кои во водите на Вардар се обидоа да дојдат до светиот крст на големиот христијански празник Богојавление Водици. Традиционалното фрлање на крстот во Вардар и годинава го следеа голем број православни верници. Светиот крст го фрли Митрополитот на Повардарската Епархија, господин Агатангел кој на верниците им порача да се воздржат од недоличности и да живеат со вистинска вера во Христос.
Во името на Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски на Дејан Колодезни му подари копаничарско дело од Љубомир Бисин и фотомонографија за Велес.
(19.01.2008)