Интензивни активности за регионален развој

Рамномерен регионален развојСоветот за развој на Вардарскиот плански регион на редовна седница едногласно усвои Деловник за работа. На седницата на која присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион во полн состав, беше разгледан и предлог-Деловникот за работа на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија како и предложените подзаконски акти на Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој.

Најголеми реакции предизвикаа критериумите за утврдување на листа на ридско планинските, пограничните и другите области кои заостануваат во развојот. Ставот на градоначалниците е дека критериумот населеното место да се наоѓа на 700 м надморска височина за да влезе во листата ги доведува во нееднаква положба опустошените села во споредба со поразвиените кои се наоѓаат на поголема надморска височина.  Градоначалниците констатираа дека во интерес на интензивирањето на активностите неопходно е да се формира работна група која ќе работи на утврдување на организационата поставеност на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес. Следната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион ќе се одржи во Општина Градско.
(21.01.2008)