Избор на најдобар спортист за 2007 година

Избор на најдобар спортист за 2007 годинаВо организација на Сојузот на спортови на Велес, а под покровителство на  Општина Велес, во ресторанот “Снупи”   се одржа свеченото прогласување на најдобрите спортисти и  спортски екипи за 2007 година во Велес. На свеченото прогласување присутни беа голем број на граѓани, спортски работници и спортисти од Општината, а целата манифестација беше проследена  со културно-забавна програма.

Престижното признание „Спортист на годината” за 2007 година му беше доделено на Марјан Петров, член на  Кајакарскиот кану клуб “Вила Зора”, државен првак во 3 х К-1.  За најдобри спортисти со посебни потреби признанија добија Рифат Шаљик – државен првак во атлетика во фрлачки дисциплини и Васил Љомов – државен првак во стрелаштво со воздушна пушка за глувонеми лица. Признанието „Тренер на годината” му припадна на Димче Маневски од фудбалскиот клуб „Превалец”. Во екипна конкуренција за екипа на годината беше прогласен кајакарскиот кану клуб „Вардар”.  Новинарот Лазар Лазаревски од тв „Канал 21” го доби признанието за најдобар спортски известувач.  Општина Велес, ТП „Снупи”, „Тетра Траншпед” и „Хемија Комерц” добија посебни признанија за несебично вложување и поддршка на спортот.
 
Претседателот на Сојузот на спортови ги поздравува присутните Благодарница за успешна организација за МОИ

Благодарница за придонес и развој на спортот - ТП Снупи Млади перспективни спортисти

Пепи Манасков ги додели наградите на најдобрите спортисти од IV-X место Прогласување на тројцата најдобри спортисти
 
Градоначалникот доделува награда на второпласираниот Кристијан Ефремов - атлетичар Градоначалникот доделува награда на најдобриот спортист во 2007, Марјан Петров - кајакар
 
Дел од присутните гости на манифестацијата

Десетте најдобри спортисти
 
(26.01.2008)