Задолжувањето како можност за развој

Енергетска ефикасностОпштина Велес е прва во Македонија која ја започнува постапката за задолжување. Приоритет ќе имаат проекти од областа на енергетската ефикасност. Проектот за замена на уличните светилки  во градот би донел годишна заштеда од 6 милиони денари и околу 2 милиони денари заштеда по основ на помала замена на прегорени сијалици од уличното осветлување. Преостанатите средства би биле искористени за реализација на проекти за енергетска ефикасност во училиштата, а дел од средствата би биле наменети за изградба на инфраструктура во новата индустриска зона Караслари или во постоечките индустриски зони во Речани и Комплекс УЗУС.
(28.01.2008)