Долговите на училиштата иницираа измени во Буџетот

Училиште лоцирано во ВелесНа претстојната 61 седница на Советот на Општина Велес, членовите на советот ќе расправаат по предлог - Одлуката за измени и дополнувања на Буџетот односно за проширување на средства во Буџетот за 2008 година. Како што градоначалникот Аце Коцевски изјави на прес конференција,  причина за овие измени како и  измените и дополнувањата на Програмата за образование се долговите на училиштата.

„Неколку дена пред нова година Министерството  за образование и наука трансферираше 3 милиони и 500 илјади денари, средства кои се дел од вкупниот долг кој училиштата на територија на Општина Велес го направија од 01.07.2005 година до 08.11.2007. Вкупниот долг на училиштата во Општина Велес заради недоволниот трансфер на средства од централната власт е 7 милиони 362.207 денари што значи дека државата и понатаму ке должи 3.862.207 денари. Се надевам дека во текот на оваа година државата ке ги трансферира и останатите обрски кои ги направија училиштата“, рече Коцевски.
 
(28.01.2008)