План за капитални инвестиции

Прес конференција на градоначалникот Аце КоцевскиНа претстојната седница на Советот на Општина Велес на дневен ред ќе се најде и предлог План за капитални инвестиции. Според градоначалникот Аце Коцевски ова е прва одлука од ваков вид во Македонија . „Тоа е многу важен документ  во кој се предвидени капиталните инвестиции во наредниот петгодишен период со цел да се создадат услови за динамичен развој на нашата општина, услови за привлекување на домашни и странски инвеститори за вложување во  Велес и за искористување на потенцијалите со кои располага нашата општина.“

Планот за капитални инвестиции за периодот 2008-2012 година опфаќа вкупно 54 проекти од кои 22 за комунална инфраструктура, 5 од културата , 4 од социјална заштита, 9 за заштита на животната средина, 7 за економски развој, 4 за спорт и рекреација и по еден за образование и  енергетска ефикасност.
 
(28.01.2008)