Врачена наградата „Петре Прличко“

Доделување на наградатаНа 7-ми Февруари, на сцената на Македонскиот народен театар, на актерот Емил Рубен свечено му беше доделена Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Наградата му ја врачи градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.


Во името на Комисијата за доделување на наградата, за актерскиот живот на Рубен говореше Тодор Кузманов, член на Комисијата кој истакна дека  Емил Рубен 35 години успешно работи на македонската театарска сцена. Од 1971 година настапува на сцената на Македонскиот народен театар. Зад себе има голем број успешни улоги меѓу кои во претставите „Ревизор“, “Сомнително лице“, „Глембаеви“, „Антигона“.

Поздравен говор на актеротКомисијата за доделување на наградата која ја востановија  Општина Велес, НУЦК Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ и Здружението на актери „Џинот“ одлучи  актерската награда за животно дело за 2007 година да му се додели на актерот Емил Рубен за неговите успешно остварени улоги во претстави од светската класика блиски до улогите што некогаш ги толкуваше доајенот на македонскиот театар Петре Прличко.

Емил Рубен од своја страна упати јавна благодарност за наградата потенцирајќи дека особено многу му значи награда која го носи името на големиот Петре Прличко. Во чест на наградениот, на сцената на МНТ Беше изведена претставата „Сомнително лице“од Бранислав Нушиќ во режија на Синиша Евтимов.

(07.02.2008)