Иницијативи за развој на Велес
„Ќе покренам иницијатива до Владата на Република Македонија за отворање на високообразовна институција – Државен универзитет за информатички технологии во Општина Велес“ изјави на прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски. Тој најави дека за иницијативата ќе побара поддршка од Советот на општината на претстојната 62 седница“.
Владата на седницата одржана на 24 јануари годинава најави отворање на V-ти Државен универзитет во Република Македонија во кој ќе се продуцираат врвни кадри од областа на информатиката, а наставата ќе се изведува на англиски јазик од страна на професори од реномирани универзитети од Република Македонија, Европа и САД.
Коцевски напомена дека Велес располага со услови да стане седиште на новиот универзитет. „Досегашното позитивно искуство во развојот на високото образование во Велес не поттикнува да продолжиме со напорите за максимално искористување на сите расположливи потенцијали. Со отворањето на универзитет во Велес би се создале услови за економски развој, градење на база на знаење, зголемување на технолошките капацитети и подобрување на социо-економската слика на градот“, рече Коцевски.
На средбата со новинарите тој најави покренување на уште една иницијатива до Владата, за изградба на Аква парк крај езерото Младост. Иницијативата заснована на Програмата на Владата за развој на туризмот за 2008 година, Коцевски ја темели на компетитивните предности на Велес за развој на транзитниот туризам:
Поволната географска положба на општината, непосредната близина на меѓународниот сообраќаен коридор (Е-75), вкрстувањето на најважните патни и железнички сообраќајни правци кои ја поврзуваат Европа со Блискиот Исток и Северна Африка.
И оваа Иницијатива ќе се најде на дневен ред на претстојната 62 седница на Советот на општината, закажана за 18-ти февруари.
На прес конференцијата, Коцевски ги извести новинарите дека се остварени контакти со заинтересирани инвеститори за изградба на голф терени крај езерото Младост.

(12.02.2008)