Манифестација „Велешка пастрмајлија“

Велешка пита пастрмајлијаCo особена чест и задоволствo Be покануваме на манифестацијата „Велешка пастрмајлија" што и оваа година, по четврт пат, ја организираат Општина Велес и Фондација Фокус од Велес.
„Велешка пастрмајлија“ ќе се одржи во сабота на 16 февруари 2008 година во ресторан „Снупи“ (Офицерски дом) со почеток во 11:00 ч. На посебни штандови ќе бидат презентирани производителите на пити пастрмајлии и вино. Нивните производи ќе бидете во можност да ги набавите по симболични цени (20 денари за парче пита и 10 денари за чаша вино).
 
Манифестацијата има хуманитарен карактер. Собраните средства од продажбата на донираните пити и вино ќе бидат наменети за доопремување на детското одделение при градската болница во Велес, во рамки на проектот „Насмевка во пижами".

Велешани се препознатливи по подготовка на традиционалниот специјалитет пита пастрмајлија и во рамките на оваа манифестација производителите на пити ќе направат избор на најдобриот пита мајстор на Велес за 2008 година.

Ке ни биде особена чест ако и Вие бидете гостин на манифестацијата и ја искористите можноста да ја изразите Вашата хуманост.

За подетални информации обратете се на тел. 043/232 406 кај Билјана Манаскова, или на тел. 043/221 583 кај Даниела Настова и Александар Кукулев.