„Папрадишки мајстори“ во Скопје

ImageВо организација на Општина Велес и Музеј на град Скопје, на 21 февруари во Музејот на град Скопје свечено беше отворена изложбата на дела од сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“. Во присуство на истакнати културни работници и вљубеници во ликовната уметност од Скопје и Велес, изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој ги потенцираше убавините и значењето на Папрадиште за македонската историја и култура.

„Од самите дела на уметниците кои твореа на  сликарско-копаничарската колонија во 2007 година, ќе можете да видите каква инспирација е Папрадиште“, рече меѓу другото Коцевски. Третото издание на Сликарско копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ се одржа во јули 2007 година со учество на 18 сликари и копаничари од Македонија, Бугарија и Србија.

Image

 Image

Image