Изложба на графики
Во Вторник 04.03.2008 год. во 19,00 часот. во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена самостојна изложба на графики на академскиот сликар Мехмед Слезовиќ.
Роден е 1960 год. Во Нови Пазар. Факултет за ликовни уметности завршил во Белград, а посдипломски студии отсек сликарство и посдипломски студии отсек графика кај проф. Емро Драгуљ на истиот факултет. Има реализирано над седумдесет самостојни изложби низ светот како и голем број групни изложби. Добитник е на голем број меѓународни награди.
Во исклучително динамичната и плодна кариера на уметникот Мехмед Слезовиќ значајно место зазема серијата на графички цртежи работени во мецотинта. Работејќи во оваа тешка и захтевна техника со голема суптилност и изразност преку предметниот реализам и фигуративноста ни доловува локални традиционални теми поврзани со поднебјето и традиционалното етно-твотештво. Со своите цртачки квалитети преку ритмичката игра на линијата создава константна вредност на преодот од темно кон светло и обратно користеќи го феноменот на светлоста во духот на магичниот реализам.
Слезовиќ во Ликовниот салон ќе биде преставен со 23 графики работени во мецотинта, работени во периодот од 1988 до 2006 год.