Танцот го освои Велес
Манифестација
„Велес град на културата“
со балетот
„Јас Исидора“ на Олга Панго
„Велес град на културата“
со балетот
„Јас Исидора“ на Олга Панго
Незаборавна експресивност на телото и душата, музика што пронижува и бескраен, громогласен аплауз го исполнија Народниот Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ на премиерната изведба на балетот „Јас Исидора“ во кореографија и режија на Олга Панго.
Миленикот на велешката публика, актерот Васил Зафирчев повторно им се подари себе си на своите сограѓани, но овојпат во сосема поинакво светло, пренесувајќи не во светот на танцовиот театар. Уште еднаш изненади сестраноста на Зафирчев но и неговата моќ да владее со здивот на движењето како со свој сопствен свет. Хармоничната целина на страдањето, љубовта и борбата на уметникот со уметноста во претставата посветена на незаборавната љубов на балерината на филозофијата Исидора Данкан и големиот руски поет Есенин, ја надополни впечатливата и оригинална музика на Калиопи Букле.
Покрај Васил Зафирчев и Саша Ефтимова кои блеснаа во улогите на Есенин и Исидора, во балетот „Јас Исидора“ настапија Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Билјана Пашарикова-Каленикова, Стефан Кочовски и Лиле Миленкова.
За останатите впечатоци не се потребни зборови, громогласниот аплауз сеуште одекнува низ Велес.