Поттик за меѓуопштинските партнерства

ImageВо рамките на проектот на УНДП и Министерството за локална самоуправа „Меѓуопштински партнерства за подобрување на квалитетот на јавните услуги“, градоначалниците и дел од општинската администрација на општините  Босилово, Василево и Ново Село со претставници на УНДП ја посетија Општина Велес.


Во рамките на посетата беа остварени повеќе средби со цел размена на мислења и директно запознавање на позитивните практики во работењето на Општина Велес. Особено внимание во рамките на посетата беше посветено на работата на едношалтерскиот систем на услуги, при што претставниците на општините Босилево, Василево и Ново Село имаа можност  на лице место  да се запознаат со работата на Граѓанскиот  сервис центар и процесите на обезбедување на услуги за граѓаните.

„Ние ќе работиме и понатаму на подобрување на услугите за граѓаните“, рече во рамките на средбата градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски кој упати благодарност до УНДП за организацијата на средбата оценета како значајна активност во прилог на меѓуопштинските  партнерства и обезбедувањето на квалтитни услуги за граѓаните.
 
ImageImage