Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ Горно Оризари во акција за почиста животна средина

ImageНа ден 11.03.2008 год во просториите на Општинската канцеларија во Г.Оризари  се реализираше нагледен час од отворен тип, на тема: Учениците во акција за почиста животна средина информација од еко патроли, со учениците од III - А одд, при ООУ „Рајко Жинзифов“од Д.Оризари.

Реализатор на активноста беше одделенскиот наставник на учениците г-ѓа Славица Петрова во соработка со Општинската канцаларија и општинскиот службеник од Г.Оризари г-н Мурадин Беговиќ, кој претходно во рамките на своите проектни активности изврши обука на учениците за работа со компјутери во Word и PowerPoint програми за работа на ИКТ. Еко патролите во временски период од 25-02 до 5.03 2008 год извршуваа истражувачки активности со цел прибирање податоци за реалната ЕКО слика на местото на живеење.  На овој час се споија наставните активности на учениците, соработката  на училиштето со:
•  Локалната заедница
•  Со Еколошкото друштво „Вила Зора“
•  Со невладината организација „Друштво за здраво поколение“
•  Здравствените институции
•  Родителите на учениците
Сите наведени институции  имаа една  заедничка цел: ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА. Како круна на целокупната активност беше дирекното вклучување на сите поканети присутни во садење садници на три локации во училишниот двор и во селото, под мотото „Дрво на иднината“ се разбира поттикнати од кампањата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. И учениците и присутните на крајот изразија воодушевување од иницијативата и од успешноста на превземените активности. 
 
ImageImage