Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед го слават верскиот празник Рамазан Бајрам,
По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и Претседателот на Советот на Општината, Марјанчо Николов остварија свечена средба со преставниците на политичките партии и здруженијата на граѓани со исламска вероисповед.

На средбата,
Градоначалникот Аце Коцевски им упати честитка на сите граѓани на Велес
од исламската конфесија со желба за успех и благосостојба во сите сфери
од животот. Воедно, Коцевски изрази задоволство од соживотот на
граѓаните на Велес без оглед на нивната верска припадност, како и надеж
за уште поуспешна соработка.
Во исламската религија, Рамазан е најсветиот месец во кој е објавен Куранот и го означува крајот на едномесечниот пост. Празникот Рамазан Бајрам е посветен на прочистувањето на телото и духот, на позитивните мисли, љубовта и соживотот.
Општина Велес им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите граѓани со исламска вероисповед.