Одбележан Денот на Црвениот Крст

Image Со свечен прием на кој присуствуваа истакнати јавни личности од Велес и Македонија, истакнати активисти на Црвениот крст и доброволни дарители на крв, во Велес беше одбележан 17 Март, Денот на Црвениот крст и Ден на крводарителството во Република Македонија. На свеченоста во големата сала на Општина Велес присутните ги поздрави д-р Милчо Трајков, Претседател на Општинската организација на Црвениот крст. Упатувајќи јавна благодарност до сите поединци кои со својата хуманост придонесоа Општинската организација на Црвениот крст -Велес да се најде меѓу најуспешните во државата д-р Трајков напомена „Вашата хуманост во оваа тешка ситуација покажа дека има надеж и дека има луѓе со големо срце“.

Image Присутните ги поздрави и Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит  Саити кој ги потсети на почетоците на организацијата во Македонија, во 1945 година и оцени дека Организацијата на Црвениот крст на Македонија преставува концепт на крводарување кој е за пофалба и за секоја почит. Во рамките на свеченоста на најуспешните крводарители и најголемите хуманисти им беа доделени призанија. Меѓу нив се издвојуваат Ирфан Кариманов кој 100 пати дарувал крв, Милан Николов, Петре Митевски, Стефан Нацев, Димче Арсов, Јован Митрев и Славчо Шамбилов кои драгоцената крв ја дарувале 75 пати како и Весна Петрушевска, Живко Велјановски, Ангел Леов, Блажо Димов, Сашо Ристов, Тони Цветковски и Тоде Кимовски кои даруваа крв 50 пати. Благодарници им беа доделени и на Фабриката за шински возила ДООЕЛ-Велес, ОССУ „Коле Неделковски“, Основната Организација на Црвениот крст во населбата Чашка и Кире Николовски-најддобар активист, мотиватор. Свеченоста со културно-уметнилка програма ја збогатија учениците од гимназијата „Кочо Рацин“.