Стратегија за локален развој

ImageРаботното тело за изработка на Стратегија за локален развој на Општина Велес на ден 13.03.2008 ја одржа првата работна средба. Оваа средба имаше за цел да ги утврди основните стратегиски области важни за идниот развој на општината. Целокупниот процес е планирано да заврши во период од 9 месеци според точно утврдена временска рамка.
 

Работната средба официјално ја отвори Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, а со текот на средбата раководеше експертски тим на Finnish Consulting Group International. Овој процес е поддржан од Европската агенција за реконструкција, во рамки на проектот  „Поддршка на процесот  на децентрализација“.
 
ImageImage