Јавна дебата за родова рамноправност 2008 година
Министерството за труд и социјална политика, Сектор за еднакви можности и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Велес, на 19 март, во ресторанот „Маринела“, одржаа промоција на Оперативниот план за 2008 година за имплементација на Националниот план за акција за родова рамноправност.
На промоцијата се обратија Г-ѓа Елена Грозданова, државен советник, г-ѓа Мирдита Салиу, раководител на Секторот за еднакви можности и г-ца Јована Тренчевска,советник за родова рамноправност во Министерството за труд и социјална политика.
На промоцијата присуствуваа претставници од локалната самоуправа, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на локалната самоуправа, членови на Советот на Општина Велес, медиуми, образовни институции, ппретставници на педагошко-психолошките служби од општинските училишта, Центарот за социјална работа и претставници на невладини организации.
Една од обврските произлезени од усвојувањето на Националниот план за акција за родова рамноправност 2007-2012 е изработка на Оперативни планови за имплементација на Националниот план на годишно ниво. Министерството за труд и социјална политика го изработи Оперативниот план за 2008 година со приоритетните области и активности кои ќе бидат имплементирани во тековната гoдина, а со чија содржина ќе бидат запознаени релевантните субјекти и пошироката јавност.
Промоцијата на Оперативниот план за 2008 година е поддржана од УНИФЕМ, канцеларија Скопје.