Балканијада во ракомет

ImageОдлична атмосфера и неочекувани бранувања

Ракометниот натпревар оценет како враќање на стариот спорстски дух во Велес заврши со победа на репрезенатцијата на Македонија. Во дуелот против репрезентацијата на Србија пред околу 4000 гледачи во преполната сала „Парк-спорт“, Македонија ја совлада машката сениорска репрезентација на Србија со резултат 28:24.


Неочекуваната одлука на селекторот за повлекување на репрезентацијата на Србија 7 минути пред крајот на натпреварот не ја замати радоста на македонските ракометари ниту воодушевените навивачи во салата кои направија атмосфера што долго ќе се памети.

Под покровителство на Општина Велес и во организација на РК „Борец“, салата „Парк-спорт“ на 21 март беше место на уште еден значаен натпревар во рамките на Балканијадата: дуелот помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Турција на кој во подобро светло се претставија репрезентативците на Босна и Херцеговина совладувајќи ја Турција со резултат 28-24.

На 25 Март (вторник), со почеток во  17:45 часот, во салата „Парк-спорт“ ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Хрватска во женска конкуренција - сениори. Натпреварот е дел од подготовките на нашата женска ракометна репрезентација за претстојното  Европско сениорско првенство што кон крајот на годинава ќе се одржи во Република Македонија.

Враќањето на животот во спортската сала „Парк-спорт“, а особено атмосферата што на Балканијадата  ја направија навивачите е адут повеќе, Ракометната федерација на Македонија и во иднина  да го вклучува Велес во организацијата на значајни спортски настани во Македонија.