Спортски вести - ракомет
Македонија - Хрватска 28:32 (18:14)
Нашиот град по втор пат во рок од 4 дена беше домаќин на репрезентативна спортска ракометна манифестација. Овој пат во рамките на подготовките за учество на сениорското европско првенство што кон крајот на оваа година ќе се одржи во нашата држава, во спортската сала на ЈП „Парк спорт“, се сретанаа женските репрезентации на Македонија и Хрватска.
Со подобра игра во текот на втрото полувреме, победи репрезентацијата Хрватска со 32:28, иако првото полувреме го доби нашата репрезентација со 18:14. И овој пат велешани покажаа дека посакуваат квалитетни спортски манифестации. Во одлична организација, околу 2500 граѓани го следеа и громогласно навиива на натпреварот што не беше доволно за наша победа.
(25.03.2008)