Ден на шегата

ImageНајмладите велешани со разнобојни костими и насмевки го празнуваа денот на шегата. Во организација на Општина Велес, традиционалната Априлијада им овозможи на децата од ЈУДГ „ Димче Мирчев“, учениците од општинските основни училишта и учениците од Државното основно училиште за деца со посебни потреби „Маца Овчарова“ да ја изразат својата фантазија и барем еден ден да живеат во шарен свет од приказните.

Покрај традиционалното првоаприлско дефиле, учесниците имаа можност да проследат и пригодна културно уметничка програма во Младинскиот парк.
 
ImageImage
 
ImageImage 
 
(01.04.2008)