Награда за добро управување
„Општина Велес во конкуренција на 18 пријавени Општини ја доби Наградата за добро управување што за првпат ја доделува ФИООМ. Наградата во износ од 10.000 $ ќе биде наменета за реализација на проект во областа на добро управување“, соопшти на на Прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски.
Целта е промоција на концептот на добро управување и поттикнување на институциите за примена на принципите на добро управување. Петчлената Комисија за доделување признанија за добро управување подготви конкурс, прашалник и дополнителни критериуми преку кои направи евалуација на вкупно 26 институции што се пријавија на конкурсот.
Се оценуваа три категории на прашања :
- владеење на правото, ефикасност, обученост и професионалност на администрацијата и судска контрола-40%
- транспарентност, партиципативност, респонзивност-30%
- Финансиски менаџмент и контрола-30%
Во оценувањето беше вклучена евалуација на дополнителни критериуми ( ревизорски извештаи, информирање преку веб страниците, јавни набавки, претставки до Народниот правобранител и извештаи од Државната комисија за спречување на корупција.
Согласно со конкурсот, Комисијата донесе Одлука за доделување признанија за добро управување за следниве институции:
• Царинска управа на РМ – категорија: централни институции
• Општина Велес – категорија: единици на локалната самоуправа
• МАПАС –Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување категорија: други органи на државната управа/организации на централно ниво.
Плакетите на овие институции ќе бидат врачени на свечено доделување.
(03.04.2008)