Велес предничи во принципот на родова еднаквост
Со досегашните залагања, отвореност, одговорност и креативност, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите од Општина Велес го има приматот на прва меѓу најуспешните Комисии во Република Македонија. Нејзината работа овозможи воспоставените меѓународни принципи и стандарди за родова еднаквост да се втемелат во стратешките определби на Општина Велес.
Токму во таа насока, Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Велес по барање на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Ѓорче Петров вчера на 02 април со почеток во 12 часот во просториите на општината беше домаќин на работна средба за размена на искуства и развивање на меѓусебна соработка. На средбата беа презентирани резултатите од досегашните реализирани активности на Комисијата од Велес и изложени формите, насоките и можностите како членовите на Комисијата од Општина Ѓорче Петров во иднина да ги насочат своите активности.
Членовите на Комисијата од Општина Ѓорче Петров беа примени и од Градоначалникот Коцевски, кој и овој пат ја потврди својата родовата сензибилизираност и ги истакна важноста и значењето на еднаквите можности во развојот на заедницата. Делегацијата во знак на благодарност на Градоначалникот Коцевски му врачи монографија на Општината Ѓорче Петров.
Претседателките на Комисиите г-ѓа Стојна Трајкова од Општина Велес и г-ѓа Цветанка Гроздановска ја заокружија работната средба со надеж дека од размената на позитивните искуства ќе произлезат нови идеи и имплементација на идни заеднички активности за еднакви можности од областа на родовата еднаквост.

(02.04.2008)