Велес заслужува Државен универзитет

ImageНа редовна средба со новинарите, градоначалникот Аце Коцевски изрази револт и незадоволство од Одлуката на Владата на Република Македонија, петтиот Државен универзитет за информатички технологии да биде лоциран во Општина Аеродром. „Апелирам до Владата да ја преиспита одлуката.

Општина Велес има идеална географска положба и располага со услови за отворање на Државен универзитет. „Ја нудиме варијантата да започнат разговори со Министерството за одбрана за издвојување на рзасполошиви делови од гарнизонот „Алексо Демниевски“ каде има услови за сместување на студенти и организирање настава“, рече меѓу дригото градоначалникот. Крајна цел е реализација на проектот Вардарска силиконска долина кој ќе обезбеди на едно место да функционираат и високото образование од областа на информатичката технологија и ИТ бизнисот по примерот на многу земји во светот.
 
(11.04.2008)