Вредна донација за Велес

ImageОпштина Велес во рамките на проект на Фондацијата за музика и уметност – Скопје доби донација - нов музички инструмент, соопшти на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. „Станува збор за нов полуконцертен клавир марка „Сејлер“ произведен во Германија, од страна на реномиран производител со традиција на произвотство на музички инструменти од 1849 година.


Инструментот е тежок 430 килограми и вреди 21.000 евра“. Коцевски најави дека клавирот ќе биде лоциран во реконструираната сала на библиотеката и дека најверојатно за првпат на него музика ќе создава врвниот  пијанист  Симон Трпчески.

Градоначалникот упати благодарност до Фондацијата за музика и уметност и Министерството за култура кои ја Вклучија Општина Велес во петте македонски општини што во рамките на проектот добија донација.