Живот во стиховите на Тихо Најдовски

Image„Траорно сфумато на болката“. Вака истакнатиот писател Ефтим Клетников, во улога на промотор ја опиша постхумно објавената стихозбирка на Тихо Најдовски „Радосници и Морници“. Во организација на Општина Велес и  библиотеката „Гоце Делчев“, промоцијата на стихозбирката се одржа на 10-ти април во ликовниот салон, во присуство на голем број љубители на литературата и почитувачи на творештвото на Најдовски.

Покрај Ефтим Клетников, стихозбирката во издание на „Макавеј“ ја промовираше литературниот критичар Бранко Цветковски кој ги врати спомените на Најдовски како „матица околу која се собираа голем број писатели од Македонија и Балканот“ на Рационовите средби. По повод промоцијата на стихозбирката „Радосници и морници“ и одбележувањето на 75-от роденден на Тихо Најдовски, градоначалникот Аце Коцевски упати порака за бесмртноста на неговото творештво: „ Во името на сите генерации, на неговиот 75 роденден, на нашиот Тихо Најдовски му упатувам искрено благодарам што го продолжи делото на Рацин и многу други истакнати велешани и што сиот свој живот  го посвети на духовниот и културниот растеж на Велес“, порача Коцевски. Промоцијата беше збогатена со настап на Светлана Ташева и Веселинка Маџарова.
 
Image