Претставникот на ООН го посети Велес

работна средба во ВелесМарија Луиза Силва Мехиас, постојан координатор на ООН престојуваше во работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Аце Коцевски беа разгледани досегашните активности на планот на борба против корупцијата во рамките на проектот на УНДП „Зајакнување на капацитетите за борба против корупцијата“ како и можностите за регионален развој и преземање на иницијативи и активности за заштита на животната средина. Мехиас изрази задоволство од досегашната соработка и успешно реализираните проекти во Општина Велес.

На средбата, градоначалникот Коцевски потенцираше дека Општина Велес е прва во Македонија која самоиницијативно донесе Акционен план за борба против корупцијата, а целата е годинава да се донесе и Стратегија на планот на превенција и борба против корупцијата на локално ниво. „Што се однесува до регионалниот развој Велес како седиште на Вардарскиот плански регион во претстојниот период ќе работи уште поинтензивно на регионалниот развој, но неопходни се услови и околности што треба да ги обезбеди државата и општините“, рече Коцевски кој ја потенцираше исклучително успешната соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП.
 
(11.04.2008)