Локален совет за превенција
По иницијатива на Градоначалникот на Општина Велес, господинот Аце Коцевски, а во соработка со Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ денеска во Велес беше формиран Локален совет за превенција. На конститутивната седница присуствуваа педесетина гости и членови на Локалниот совет за пфревенција, меѓу кои високи претставници на ОБСЕ, македонската православна црква, исламската верска заедница, МВР, раководители на подрачните единици на министерствата, од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавните претпријатија, членови на Советот на Општина Велес, територијалната противпожарна единица и други.
Локалниот совет за превенција во зависност од проблематтиката за која ќе расправа ќе формира работни групи со цел стручно, навремено и ефикасно да работат на спречувањето на негативните појави во општината од областа на: сообраќајот, девијантните појави , пожарите, заштитата на животната средина, чувањето на урбаната опрема и др. Иницијативата беше поздравена од соите присутни, кои со акламација го потврдија членството во Советот за превенција на Општина Велес.
Членовите на Советот за превенција ќе потпишат и Локален договор за безбедност.
(14.04.2008)