Градоначалникот Коцевски на меѓународна работилница во Стразбур
На покана на Советот на Европа и ЗЕЛС, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски учествува на меѓународната работилница за ефективно локлано лидерство што од 24 до 25 април се одржува во Стразбур. Работилницата е дел од заедничката Програма за лидерство и најдобри практики на Советот на Европа и Европската агенција за реконструкција.
Во рамките на оваа програма Центарот за експертиза во реформата на локалната самоуправа обезбедува поддршка за ЗЕЛС во имплементацијата на Програма за развој на лидерството во општините.
Во рамките на работилницата во Стразбур, градоначалникот Аце Коцевски ќе ги презентира искуствата на Македонија во спроведувањето на оваа програма.
(24.04.2008)