Велигденско јајце
На 24 април – (Велики четврток) во Младинскиот парк се одржа манифестацијата „Велигденско јајце“, организиранја од Општина Велес. На овој културен настан организиран во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден зедоа учество учениците од сите основни и средни училишта од градот, освен Гимназијата „Кочо Рацин“ иако и за нив како и за сите други училишта Општината обезбеди штанд и одредена количина јајца и бои.
И овој пат беше посебно доживување да се види креативноста и досетливоста на учесниците во манифестацијата. Велигденската акција беше со продажен карактер, а учениците сами ја утврдуваа цена за изложените експонати. Училиштата одлучуваат за намената на средствата собрани од продажбата на велигденските јајца.