Одбележана 105 годишнината од Солунските атентати
По повод 105 годишнината од Солунските атенатати делегации на Општина Велес, здруженија на граѓани и организации положија цвеќе пред споменикот на Гемиџиите, на кејот на Вардар. Градоначалникот Аце Коцевски за медиумите изјави дека за сите генерации на Велес и Македонија особено е значајно одбележувањето на Солунските атентати со кои 12-мината македонски револуционери се обидоа да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање.
Одбележувањето на храброста и пожртвуваноста на Гемиџиите продолжи во с. Ораовец каде Градоначалникот Коцевски положи цвеќе на гробот на најмладиот Гемиџија, Милан Арсов.
(30.04.2008)