Турнир во мал фудбал

ImageВо организација на месната заедница, во село Горно Оризари се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, како дел од прославата на средбите на Бошњаците од Македонија. Во категоријата на Пионери, во која учествуваа 14 екипи, најдобра беше екипата на „Неџо Транс“ од Оризари која во финалето ја победи екипата на „Уна“, а третото место го освои екипата на „Сафет Сушиќ“. Во сениорска конкуренција учество земаа 11 екипи од разни градови и места од Македонија како Скопје, Штип, Куманово, Велес и Оризари.

Во многу интересни натпревари кои беа проследени од голем број на љубители на малиот фудбал екипата на „Торпедо“ од Коњари (Скопско) го освои првото место, втора беше екипата на „Сливник“, а на трето место се пласираше екипата на „Ибо-Ком“ од Оризари.
 
ImageImage
 
(03.05.2008)