Се одржаа 31-те средби на Бошњаците од Македонија

ImageВо празничена атмосфера, пред повеќе илјадна публика од Горно Оризари, Велес и Македонија, синоќа (5.05.2008) се одржа централната манифестација на традиционалните 31 по ред Средби на Бошњаците од Македонија, Фестивалот на пеачи аматери – Гласот на Оризари 2008.
Оваа најголема манифестација на Бошњаците од Македонија се одржува од 1-6 мај и има натпреварувачки и ревијален карактер. Спортскиот дел од Средбите го сочинуваат натпревари во мал фудбал, кошарка и фрлање камен од рамо. Оваа година победник на турнирот во мал фудбал јуниори е клубот „Неџо транс“ од Горно Оризари, а кај сениорите најдобри беа фудбалерите на „Торпедо“ од Горно Коњари, Скопско, Беган Хамидовиќ од Горно Оризари победи во натпреварот Фрлање камен од рамо, а натпреварите во кошарка сеуште се во тек.
 
ImageImage 

На Фестивалот на пеачи аматери – „Гласот на Оризари 2008“, во конкуренција од 9 натпреварувачи  III-то место го освои Дејан Павловиќ, II-то Есад Буровиќ, а I-то според одлуката на стручната жири комисија, го заслужи Ешко Ајдарпашиќ. Наградата од публиката и припадна на единствената девојка што настапи на фестивалот Елсана Селмановиќ од Горно Оризари.

Во ревијалниот дел од вечерта настапија Елвир Мекиќ, актуелната поп ѕвезда на македонската естрада, Шеки Турковиќ – мајстор на севдалинките од Сараево, естрадната уметничка Благица Павловска КУД „Бехар“ од Скопје и атрактивна танчерска група.
 
Image